Русија и Кина ја блокираа резолуцијата на ОН за Ормускиот теснец
Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Ормускиот теснец. За резолуцијата гласаа единаесет членки, две беа против, а две воздржани.
Првичниот предлог, кој го поднесе Бахреин, ги овластуваше земјите да ги користат „сите потребни средства“ за да обезбедат транзит низ Ормускиот теснец и да ги одвратат обидите за негово затворање. Станува збор за формулација на ОН што би вклучувала и воена акција.
Откако на одобрувањето на употребата на сила се спротивставија Русија, Кина и Франција, постојани членки на Советот за безбедност со право на вето, резолуцијата беше изменета така што од неа беа отстранети сите референци на офанзивно дејствување. Во новата верзија ќе се одобруваа само „сите потребни одбранбени средства“. Сепак, Русија и Кина и покрај тоа ставија вето на изменетиот предлог. Пред гласањето, бахреинскиот министер за надворешни работи Абдулаиф бин Рашид Ал Зајани изјави дека резолуцијата не „создава нова реалност“, туку има за цел да обезбеди „сериозен одговор на повтореното непријателско однесување на Иран, однесување кое мора да престане“. „Да бидеме јасни, ако денес не делуваме, тоа ќе има тешки последици за целиот свет и човештвото“, додаде тој. Откако резолуцијата не беше усвоена, Зајани изјави: „Советот не успеа да ја преземе својата одговорност соочен со незаконско однесување кое бара решителна и итна акција“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меланија Трамп повика на трајно примирје во…
Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…
Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…
МВР: За само пет дена 25 пријави…
Во периодот од 1 до 5 ноември,…
НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…
Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…