Русија и Кина ќе работат на взаемно признавање на вакцините против Ковид-19

Русија и Кина работат на взаемно признавање на вакцините против инфекција со коронавирус, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Оваа работа е во тек“, рече тој одговарајќи на соодветно прашање.
Претходно, во својата статија за новинската агенција Ксинхуа, Путин им се заблагодари на кинеските колеги „за нивната помош во започнувањето на производството на руските вакцини Спутник В и Спутник Лајт во Кина и за навременото снабдување со потребната заштитна опрема за нашата земја“.
Руското Министерство за економски развој објави претходно дека Русија склучила договори со шест кинески производители за производство на руски вакцини против коронавирус во Кина. Се очекува кинеските капацитети да произведуваат над 150 милиони дози вакцини годишно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина ја гради најголемата хидроцентрала во светот…
Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроцентрала…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…