Русија објави дека заземала важни четири населби во источна Украина

t

Руските сили ги заземала четирите места Красногоровка, Григоровка, Галицинивка и Додјаноеје, на рабните области на источниот украински регион Доњецк каде доминантното руско и рускојазично население прогласи независност по превратот во Киев во 2014 година, објави во вторникот руското Министерство за одбрана.

„Како резултат на решителните акции на единиците на Јужната групација војски ослободени се населените места Крсногоровка и Григоровка“, се вели во објавата на Москва, чијашто веродостојност не може да се провери од независни извори, но ги потврдува објавите од претходните денови на руски и украински воени блогери во врска со ситуацијата во споменатите места.

Красногоровка е важен логистички центар за одбраната на украинските вооружени сили во Доњецк. Таму, покрај концентрација на големо индустриско производство, лоцирани беа и базите на украинските единици во кои се санираа оштетените украински борбени оклопни возила. Со падот на оваа локација, се смета дека украинските сили ја изгубиле можноста за поправки на оштетените тенкови и пешадиските борбени возила и транспортери во близина на главната линија на фронтот.

Галициновка, пак, е на пет километри источно од место Украинск и три километра југозападно од Карловка. Нејзиното заземање, доколку биде потврдено, ќе им овозможи на руските единици настапување кон Украинск од исток.

Руската војска активно напредува во Донбас, поширокиот регион во југоисточна Украина, изјави поранешниот министер за одбрана а сега секретар на Советот за безбедност Сергеј Шојгу во интервју за ТВ каналот Россия 24. Според него, во август и првата седмица од септември биле заземени речиси илјада квадратни километри територија, што претставува значително забрзано напредување на руските единици отколку што тоа се случуваше во изминатите 30 месеци од војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…

Дебар Маало ќе се затвора за возила…

Со овој пилот-проект кој веќе е готов…