Русија планира да постави електрана на Месечината

t

Русија планира да постави електрана на Месечината во следната деценија за да ја снабдува својата лунарна вселенска програма и заедничка руско-кинеска истражувачка станица, соопшти Роскосмос.

Роскосмос потпиша договор со авијациската компанија „Лавочкин асоцијација“ за реализација на проектот, кој треба да биде завршен до 2036 година, објави Ројтерс.

Руската нуклеарна корпорација Росатом и Институтот за атомска енергија Курчатов, исто така, ќе учествуваат во изградбата. Целта на проектот е да се создаде постојана научна лунарна станица и премин од еднократни мисии кон долгорочна истражувачка програма.

Електраната ќе ги напојува роверите, опсерваториите и инфраструктурата на заедничката руско-кинеска станица на Месечината.

Роскосмос не прецизираше дали објектот ќе биде нуклеарен, но учесниците во проектот и сегашните планови сугерираат нуклеарна технологија, истакнува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија планира да постави електрана на Месечината

Русија планира да постави електрана на Месечината…

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања…

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј…

Трамп: Постои голема омраза меѓу Путин и…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мировните…

Гил: ЕУ работи на нов пакет за…

Европската комисија тесно соработува со земјите членки…

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени…

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за…