Русија планира да постави електрана на Месечината

t

Русија планира да постави електрана на Месечината во следната деценија за да ја снабдува својата лунарна вселенска програма и заедничка руско-кинеска истражувачка станица, соопшти Роскосмос.

Роскосмос потпиша договор со авијациската компанија „Лавочкин асоцијација“ за реализација на проектот, кој треба да биде завршен до 2036 година, објави Ројтерс.

Руската нуклеарна корпорација Росатом и Институтот за атомска енергија Курчатов, исто така, ќе учествуваат во изградбата. Целта на проектот е да се создаде постојана научна лунарна станица и премин од еднократни мисии кон долгорочна истражувачка програма.

Електраната ќе ги напојува роверите, опсерваториите и инфраструктурата на заедничката руско-кинеска станица на Месечината.

Роскосмос не прецизираше дали објектот ќе биде нуклеарен, но учесниците во проектот и сегашните планови сугерираат нуклеарна технологија, истакнува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…