Русија повторно нападна складиште на Светската здравствена организација во Днипро: Уништени се лекови за болници
Складиштето на Светската здравствена организација (СЗО) во Днипро, Украина, во кое биле складирани залихи за итна здравствена помош наменети за здравствените установи на првата линија на фронтот, било нападнато три пати во тек на неколку денови, при што сите залихи биле уништени, соопшти денеска СЗО, пренесува Киев индепендент.
Складиштето првпат било погодено на 3 август, по што СЗО проценила дека не е безбедно и почнала да ги преместува залихите. Складиштето повторно било погодено на 7 август, непосредно откако го напуштиле еден вработен во СЗО и неколку возачи, а неколку часа подоцна трет напад го уништил објектот.
Тимовите на СЗО успеале пред нападите да преместат 130 од околу 300 палети со залихи на друга локација. Вредноста на залихите во складиштето пред нападот била проценета на околу 500.000 долари. Во нападите немало жртви, а СЗО сè уште ја проценува вкупната штета.
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Хенри П. Клуге, изјави дека во складиштето имало залихи наменети за одржување на здравствените услуги на првата линија на фронтот и дека неговото уништување значи помалку лекови, опрема и капацитети за лекување на болните и ранетите.
„Овие напади мора веднаш да престанат. Дури и војните имаат правила. Едно од нив е дека здравството мора да биде заштитено“, посочи Клуге.
Украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец го осуди нападот, кој го опиша како „циничен“ руски напад врз најранливите луѓе.
„Ова е удар врз неопходните лекови наменети за болниците и луѓето кои се најблиску до фронтот. Гледам јасна и цинична цел на Русите – да ги лишат луѓето од средствата за спасување животи“, напиша Лубинец на Телеграм.
Нападот врз складиштето на СЗО не е прв случај Русија да таргетира претставници и организации на ОН во Украина.
Во мај, конвој на ОН кој доставувал помош за цивилите во Херсонската област беше сериозно оштетен во два руски напади со дронови. СЗО, исто така, документира зголемен ризик со кој се соочуваат возачите на амбулантни возила и персоналот ангажиран во транспортот на здравствени работници и пациенти во текот на целата војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија повторно нападна складиште на Светската здравствена…
Складиштето на Светската здравствена организација (СЗО) во…
(Видео) Најмалку 12 загинати на Филипините поради…
Најмалку 12 лица ги загубија животите на…
25 години од загинувањето на осумтемина бранители…
Делегација на Генералштабот на Армијата и Министерството…
Нови пожари беснеат во Франција, власта се…
Шумски пожари повторно се закана во југозападна…
Вучиќ: На почетокот сме на голема војна
Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека светот…