Русија ќе ги искористи сите средства за заштита на територијалниот интегритет и ова не е блеф – Се мобилизираат 300.000 резервисти!
Доколку биде загрозен нејзиниот територијален интегритет, Русија ќе ги искористи сите расположливи средства, изјави рускиот претседател Владимир Путин во денешното обраќање кон нацијата.
„Кога ќе биде загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, ние секако ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање за да ги заштитиме Русија и нашиот народ. Ова не е блеф“, рече Путин во обраќањето до Русите.
Според него, граѓаните можат да бидат сигурни дека територијалниот интегритет, независност и слобода на Русија ќе бидат обезбедени „со сите средства со кои располагаме“.
Веднаш по неговото обраќање, на нацијата ѝ се обрати и министерот на одбрана, Сергеј Шојгу. Шојгу нагласи дека Русија не е во војна само со Украина туку со колективниот Запад.
Шојгу нагласи дека Украина има 61.207 загинати и 49.368 ранети, додека загубите на руска страна се скоро 6.000.
Министерот објасни дека со објавената мобилизација се ставаат на располагање околу 300.000 резервисти, а ќе се мобилизираат оние кои веќе служеле воен рок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…