Русија ѝ се закани на Јапонија: Ќе бидат преземени одмазднички мерки

Русија ја предупреди Јапонија и се закани со „одмазднички мерки“ доколку заедничките поморски вежби со САД се прошират кон источните граници на Русија, пишува Си Ен Ен.
Оваа закана е продолжение на конфликтот меѓу Москва и Токио. Русија е гневна што Јапонија ѝ даде недвосмислена поддршка на Украина и се приближува до земјите-членки на НАТО. Русија и Јапонија, всушност, имаат нерешени односи од крајот на Втората светска војна поради островите кои тогаш беа окупирани од советските сили.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Игор Моргулов изјави во вторникот дека американско-јапонските поморски вежби се „потенцијално од навредлива природа“, објавија руските државни медиуми.
– Таквите постапки на јапонската страна ги сметаме како закана за безбедноста на нашата земја. Доколку таквата практика се прошири, Русија ќе преземе одмазднички мерки во интерес на зајакнување на своите одбранбени капацитети, истакна Моргулов.
Сепак, тој не прецизираше за кои американско-јапонски вежби станува збор, ниту експлицитно наведе како би можело да изгледа руската одмазда.
Морнариците на САД и на Јапонија минатата недела ги завршија заедничките вежби во Источното Кинеско и во Филипинското Море.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…
Европската унија со остра осуда на заканите…
Европската унија (ЕУ) денеска ги осуди заканите…
Медведев го смрзна светот: Ова води до…
Испораките на странско оружје за Украина водат…