Објавено на:

Руската војска уништила штаб и база на украинските специјалци на југот на Украина

t

Руските единици уништиле штаб и база за обука на посебниот украински центар за специјални операции „Југ“ во близина на Очаков во јужната украинска Николаевска област, соопшти во петокот руското Министерство за одбрана.

Покрај тоа, во близината на Никоалев, руските воздухопловни сили ги погодиле позициите на 28-та моторизирана пешадиска бригада на украинската војска.

Истовремено, во регионот на Харков, на истокот од Украина, била гаѓана позиција на 66-та механизирана на бригадата кај местата Двуречнаја и Купјанск. Покрај тоа, биле нападнати и позициите на украинскиот баталјон „Кракен“, кој Москва го смета за составен од неонацисти и ултранационалисти кој бил распореден во близина на градот Харков, кој е инаку населен со мнозинско руско и рускојазично население. Градот е под контрола на украинските сили од почетокот на руската офанзива, и спорадично е подложен на руски прецизни ракетирања.

Во изминатото деноноќие украинските сили загубиле повеќе од 400 војници, повеќе од 20 единици на оклопни борбени возила и други возила за специјални намени, според руското Министерство за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен полицаец година и пол работел на…

Сериозни пропусти во работата на полицијата се…

Братот на зетот на Трамп за 12…

Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…

Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…

Како одговор на растечката закана од сили…

Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…

Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…

Украинскaта војска во текот на оваа година…