Руските милијардери изгубиле 39 милијарди долари за еден ден

t

Најбогатите Руси изгубиле 39 милијарди долари за помалку од 24 часа, пишува Блумберг.

Рускиот референтен берзански индекс МОЕКС Русија забележа пад од 33 проценти, што е петти најлош пад во историјата на берзата.

Вагит Алекперов, претседател на управата на Лукоил, доживеа најголем пад на својата нето вредност – таа падна за околу 6,2 милијарди долари на 13 милијарди долари. Акциите на московскиот производител на нафта паднаа за околу 33 отсто.

Алексеј Мордашов, претседател на управата на Северстал челик, изгуби 4,2 милијарди долари, намалувајќи го своето богатство на 23 милијарди долари. Владимир Потанин, претседател на Норилск Никел и моментално најбогат човек во Русија, изгубил три милијарди долари, пишува Блумберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…