Објавено на:

Руските пренкери го насамарија и Кисинџер: Смета дека Украина го уништила Северен тек

t

Украина стои зад минирањето на гасоводите „Северен тек“, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју со руските пренкери кои се претставија како Володимир Зеленски.
Видео снимката од разговорот е објавена на Телеграм каналот на пренкерите, кои во име на Зеленски го прашуваат Кисинџер кој стои зад нападот на Северен поток. „Да бидам искрен, мислев дека тоа си ти. Но не те обвинив за тоа.“, рече Кисинџер.

Експлозии се случија на 26 септември 2022 година, на два руски извозни гасоводи во Европа одеднаш – Северен тек и Северен тек 2. Германија, Данска и Шведска не ја исклучија можноста за насочена саботажа. Операторот „Северен тек“ „Норд стрим АГ“ објави дека вонредната состојба на гасоводите е без преседан и дека е невозможно да се процени времето за поправка. Обвинителството на Русија поведе случај за акт на меѓународен тероризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…

Полска бара земјите од ЕУ да ја…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски: Подготвуваме уште четири нови безбедносни договори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Кој е наследникот на Ескобар? Александар Касанов…

Стејт департментот објави дека новиот заменик-помошник секретар…