Руски генерал: Третата светска војна веќе започна, треба да се мобилизираат милион војници

Откако израелската армија нападна ирански цели во четвртокот вечерта, високиот руски генерал Апти Алаудинов изјави дека Третата светска војна веќе е во тек и повика на масовна мобилизација во Русија, пренесува Дејли експрес.
Генерал-мајор Алаудинов (51), заменик-началник на Главната воено-политичка управа на руските вооружени сили и командант на чеченските специјални сили Ахмат, објави порака на Телеграм во која тврди дека војната веќе започнала.
Мора да прогласиме мобилизација“, напиша Алаудинов. „Мораме однапред да подготвиме најмалку половина милион луѓе. Но, реално, милион луѓе. Мораме да ги повикаме и да почнеме да ги подготвуваме за фактот дека војната веќе започна, а знаеме дека таа веќе се случува, Трета светска војна. Дури сега влезе во нова фаза и доби нов замав“, рече тој.
Тензиите дополнително ескалираа откако Израел ги нападна иранските воени објекти поврзани со нуклеарната програма. „За никој да не се осмели да си игра со нас како што играа со сите други земји, а сега и со Иран. Верувајте, сите треба да се обединиме, да се обединиме на сите нивоа“, порача Алаудинов.
Алаудинов е активен во напорите на Русија да ја врати територијата во областа Курск, која украинските сили делумно ја зазедоа во офанзивата минатиот август. Тој се смета и за веројатен наследник на прорускиот чеченски лидер Рамзан Кадиров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…