Руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса
Украинскиот главен град Киев рано утрово бил цел на масовен руски напад со балистички ракети, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
Кличко на „Телеграм“ објави дека било погодено магацинско складиште во западниот дел на градот, а остатоци од соборени дронови паднале на спротивниот брег на реката Дњепар, каде избувнал пожар. Пожарот бил локализиран, а изгаснат бил и пожарот што настанал во уште едно погодено складиште во друг дел од Киев.
Истовремено, со руски дронови бил нападнат и вториот по големина украински град Харков. Градоначалникот Игор Терехов соопшти дека удари биле регистрирани во најмалку три градски населби.
И во Одеса била активирана воздушна тревога, по што биле слушнати експлозии, јавија локалните власти. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски ракетен напад врз Киев, експлозии и…
Украинскиот главен град Киев рано утрово бил…
Летни горештини во Македонија, во недела ќе…
Денеска времето ќе биде сончево и топло,…
Денеска сончево со услови за дожд и…
Денеска времето ќе биде сончево и топло,…
Венс: Апсолутно лошо се справуваме со досиејата…
Потпретседателот Џ. Д. Венс призна дека администрацијата…
„Порше“, „ауди“, „бмв“, стан… – МВР му…
Полицијата во Кочани, во координација со Основното…