„Порше“, „ауди“, „бмв“, стан… – МВР му го одзема имотот на наркодилерот Цуна од Кочани
Полицијата во Кочани, во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, презеде мерки за привремено одземање на движен и недвижен имот од Александар Лазаров, поради сомнение дека е стекнат со криминална активност.
Од ОВР Кочани информираат дека во рамки на истрагата биле обезбедени докази кои, покрај сомнежите за извршување кривично дело поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, укажуваат дека лицето располага со значителен имот со сомнително потекло.
Со одлука на Основниот суд во Кочани изречени се привремени мерки за обезбедување, при што се одземени шест патнички возила – „џип“, „порше“, „фолксваген“, „ауди“, „бмв“ и „пасат“, како и стан.
Од ОВР Кочани велат дека истрагата продолжува, со цел да се утврди законитоста на стекнувањето на имотот и да се преземат понатамошни мерки согласно законските процедури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…