Објавено на:

Руте: Земјите-членки на НАТО ги зголемија расходите за одбрана за околу четири проценти од БДП

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека европските земји-членки на НАТО и Канада веќе ги зголемиле трошоците за одбрана на околу четири проценти од бруто домашниот производ.

– Минатата година, европските сојузници и Канада потрошија речиси 20 проценти повеќе за основна одбрана отколку претходната година. Гледајќи ги 2025 и 2026 година заедно, тоа се 258 милијарди долари дополнителни инвестиции, наведе Руте.

На минатогодишниот Самит на НАТО земјите-членки се согласија до 2035 година да ги зголемат вкупните трошоци за одбрана на пет проценти од БДП, од кои 3,5 отсто за инвестиции во основна одбрана и дополнителни 1,5 проценти за ставки поврзани со безбедноста.

– Тука во Анкара, очекувам земјите да презентираат јасни, конкретни и веродостојни планови за постигнување на таа цел од пет проценти. А доказите што ги видовме досега се импресивни, истакна Руте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Земјите-членки на НАТО ги зголемија расходите…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…

Нетанјаху бара САД да не и продаваат…

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска побара…

Во Франција беснеат пожари – евакуирани повеќе…

Седум области од јужна Франција се под…

ДУИ нема проблем со електронско гласање, се…

Опозициската ДУИ нема проблем дијаспората да гласа…

Аеродромот на Сицилија затворен поради активност на…

Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и…