Објавено на:

Во Франција беснеат пожари – евакуирани повеќе од 10.000 луѓе, ЕУ испраќа помош

t

Седум области од јужна Франција се под црвена тревога поради многу висок ризик од шумски пожари, додека 41 области се под портокалова тревога.

Пожарот проголтал најмалку 4600 хектари во Травил, и се шири многу брзо, а луѓето од 26 општини им е наредено да се евакуираат. Досега од областа се евакуирани над 10.000 луѓе.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез ќе го ќе го посети оперативниот команден пункт и ќе се сретне со екипите мобилизирани за гаснење на пожарот во Тревила и ќе ја разгледа оперативната состојба со локалните власти.

„Како што се очекуваше, имаме комплицирана сезона на пожари што започна пред еден месец“, рече Нињез, додавајќи дека досега оваа година изгореле повеќе од 11.000 хектари, во споредба со 5.700 хектари во исто време минатата година.

Четири бомбардери од флотата RescEU ќе бидат распоредени во Франција денес како дел од европската соработка во борбата против шумските пожари, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…

Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…

Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…

Србија наскоро би можела да добие претседател…

Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…

Врховниот суд на Канада го остави во…

Со нож ја ограбил среде кафуле во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…

Американската армија онеспособила брод што се обидел…

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…