Руте не се согласува со предлозите за „европско НАТО“ без САД
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Европската Унија не треба целосно да стане независна од Соединетите Американски Држави кога станува збор за одбраната, и покрај очекувањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да преземе поголема одговорност и да вложува повеќе средства.
Во интервју за германската агенција dpa, Руте истакна дека е „апсолутно уверен“ оти САД остануваат целосно посветени на НАТО. Тој посочи дека европските земји ќе трошат повеќе за одбраната и ќе преземат поголема улога, но нагласи дека тоа треба да се прави заеднички со САД.
Руте потсети на самитот на НАТО во Хаг, одржан во јуни, каде што сојузниците се согласија постепено да ги зголемат одбранбените трошоци на 5 отсто од БДП до 2035 година, оценувајќи го тоа како значаен надворешнополитички успех на Трамп.
Осврнувајќи се на повиците Европската Унија да се развие во „европски НАТО“, Руте изјави дека не се согласува со таквиот пристап, нагласувајќи дека НАТО и Европа не се сведуваат само на ЕУ. Тој посочи дека 23-те земји членки на ЕУ во НАТО сочинуваат околу една четвртина од економскиот капацитет на алијансата, додека „75 проценти од економскиот ефект е надвор од ЕУ“, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Норвешка, Канада и САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте не се согласува со предлозите за…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Зеленски најави средба со Трамп: Многу работи…
Дипломатскиот спор околу напорите за ставање крај…
Трамп: САД извршија напади врз цели на…
САД извршија божиќен напад во Нигерија, убивајќи…
Американскиот претставник во НАТО: Можен договор за…
Постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју…
Макрон: Франција ги осудува визните ограничувања наметнати…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека…