Зеленски најави средба со Трамп: Многу работи можат да се одлучат пред Нова година
Дипломатскиот спор околу напорите за ставање крај на војната во Украина повторно се разгоре по објавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски рано утрово, пренесува Индипендент.
Во својата објава на Твитер, Зеленски рече дека е постигнат договор за средба со Доналд Трамп во „блиска иднина“, додавајќи дека „многу работи можат да се одлучат пред Нова година“.
„Рустем Умеров ме информираше за неговите најнови контакти со американската страна. Не губиме ниту еден ден. Се договоривме за средба на највисоко ниво – со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи можат да се одлучат пред Нова година. Слава на Украина!“, напиша Зеленски.
Објавата доаѓа само 24 часа откако Зеленски го откри новиот план од 20 точки за кој САД и Украина наводно се согласиле, како и комуникацијата што ја имал во четвртокот со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
Текстот што го презентираше Зеленски предвидува замрзнување на фронтот во неговите сегашни линии, но без да понуди какво било итно решение за трнливото прашање за териториите окупирани од Русија, кои сочинуваат околу 19% од Украина.
Спротивно на првичната верзија, новиот документ, исто така, ги игнорира важните барања од Москва: повлекувањето на украинските сили од регионите на Донбас што ги контролираат, па дури и законската обврска на Киев да не се приклучи кон НАТО. Поради оваа причина, се смета за малку веројатно дека Русија ќе се согласи со новиот предлог. Кога беше прашан за ова прашање, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва „ја разгледува својата позиција“ и одби да коментира за деталите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…