Руте: Франција и Холандија се договорија за начините како ЕУ да се спротивстави на американскиот закон за намалување на инфлацијата
Франција и Холандија се на иста позиција кога станува збор за начините за дејствување на Европската унија во случај на несакани последици од Законот за намалување на инфлацијата, кој стапи на сила во САД, изјави премиерот на Холандија, Марк Руте, по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон.
„Се договоривме прво внимателно да испитаме кои средства се веќе достапни во ЕУ”, рече Руте, осврнувајќи се на дискусиите за тоа дали на ЕУ и се потребни нови средства за поддршка на индустријата што може да биде погодена од протекционистичките политики на САД.
„И треба да видиме што може да направи ЕУ за да се осигура дека САД ќе ја третираат онака како што ги третираат Мексико и Канада, за ЕУ да се справи со несаканите последици од страна на САД”, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вреди му одговори на Ахмети: Вашите министри…
Писмото на Али Ахмети, во кое тој…
(Видео) Момин Поток пред завршница: Поставен асфалт…
Изградбата на клучката кај Момин Поток е…
Студен бран ја зафаќа Македонија, за викендот…
Утрото ќе биде ведро и студено, а…
„Македонија е и секогаш ќе биде дом…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски имаше средба…
САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…
САД се подготвуваат да објават нови царини…