Савески ги прими амбасадорите на Франција и Германија

t

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ги прими во посета амбасадорите на Р.Франција и на С.Р.Германија во нашата земја, Кристоф Ле Риголер и Петра Дрекслер, со кои разговараше за плановите и проектите на почетокот на неговиот мандат.

Двајцата високи дипломатски претставници му честитаа на Савески на изборот на високата функција и ветија продолжување на поддршката за јакнење на капацитетите на обвинителството, при што особено го истакнаа фактот дека правосудството претставува централен фундамент за пристапувањето на државата кон Европската унија.

Меѓу приоритетите на својот мандат Савески ги наведе транспарентноста и дигитализацијата во јавното обвинителство со конкретни планови како тие активности ќе се реализираат во следниот период. Исто така, на средбата стана збор и за предизвиците во поглед на независното постапување и одлучување од страна на јавните обвинители и јакнење на финансиските капацитети на јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Савески ги прими амбасадорите на Франција и…

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад…

Франција го забрани традиционалниот собир на муслиманите…

Франција го забрани традиционалниот собир на муслимани…

Муцунски во работна посета на Франција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Избегната трагедија како Пулс во Германија: 750…

Во германскиот град Кел избувна голем пожар…

Франција распоредува борбени авиони во Литванија

Франција утре ќе распореди четири борбени авиони…