Франција распоредува борбени авиони во Литванија
Франција утре ќе распореди четири борбени авиони „Рафал“ во Литванија за да обезбеди воздушна заштита на балтичките држави во период од четири месеци, објави француското Министерство за вооружени сили.
Распоредувањето е дел од мисијата на НАТО за балтичко воздушно набљудување, која е во сила од 2004 година, кога Литванија, Латвија и Естонија, земји без свои борбени авиони, се приклучија на Aлијансата.
Четирите авиони и околу 100 француски пилоти ќе бидат стационирани во воздухопловна база во Литванија, се вели во соопштението на француското министерство.
Ова е 12-ти пат од 2004 година Франција да ја спроведува оваа мисија за НАТО во балтичките земји.
Таа ја презема задачата од шпанскиот контингент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…