Објавено на:

САД ги предупредија граѓаните на Блискиот Исток: Подгответе се за можно заминување поради ескалација

t

Американските амбасади во неколку престолнини на Блискиот Исток ги повикаа американските државјани да бидат внимателни и подготвени за евентуално заминување поради можност од „непредвидена ескалација“ на регионалниот конфликт.

Безбедносното предупредување било објавено од американските мисии во Каиро, Аман, Ерусалим и Багдад. Во него се наведува дека Американците во регионот треба да размислат за напуштање на областа или да бидат подготвени да заминат доколку дојде до дополнително влошување на ситуацијата.

„Американците кои моментално се наоѓаат на Блискиот Исток треба да бидат внимателни, да ја зголемат будноста и да бидат подготвени за откажување летови, периодично затворање на воздушниот простор и можни нарушувања во патувањата“, се наведува во предупредувањето.

На граѓаните им е препорачано да ги проверат опциите за летови и да ги следат безбедносните совети на локалните власти.

Американските државјани во Јордан се повикани да избегнуваат посети на американски воени бази, кои неодамна беа цел на ирански ракетен напад. Во Израел, пак, им било препорачано да ја проверат локацијата на најблиското атомско засолниште.

Од американската амбасада во Ерусалим наведоа дека иранскиот режим е „непредвидлив“, посочувајќи ги неодамнешните напади врз цели во регионот.

Предупредувањето доаѓа откако оваа недела продолжија размените на оган меѓу Иран и САД по неколкудневно затишје. Во средата, дрон погоди американски гасен брод закотвен во египетско пристаниште, предизвикувајќи пожар. Египетската истрага сè уште не утврдила кој стои зад нападот.

Иранската армија, пак, го обвини Вашингтон за зголемување на тензиите во регионот и предупреди дека земјите кои, како што наведоа, ѝ служат на САД како „одбранбен штит“, би можеле да бидат вовлечени во конфликтот.

Војната на Блискиот Исток започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа напади врз Иран, по што Техеран одговори со ракетни и напади со дронови низ регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги предупредија граѓаните на Блискиот Исток:…

Американските амбасади во неколку престолнини на Блискиот…

Делови од Дебар соочени со недостиг на…

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар апелира…

Инфантино се откажа од идејата по заканите…

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино се откажа…

Гори на пет места низ Македонија, под…

На ден 01.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Израелската војска уби двајца Палестинци во Газа,…

Израелската војска денеска уби двајца Палестинци и…