Делови од Дебар соочени со недостиг на вода, ЈКП „Стандард“ апелира на рационална потрошувачка
Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар апелира до жителите да ја користат водата исклучиво за неопходни потреби, со оглед на тоа што неколку населби од градот во изминатите денови се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Проблемот со водоснабдувањето во дел од населбите, велат оттаму, станува сè посериозен.
„Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. Од први јули воведовме четири, а потоа и петчасовна рестрикција, во населбите Венец 1, Венец 2, Тараник и Ќернаница, но проблемот станува сè посериозен, бидејќи во делови на градот вода нема и повеќе часови, посебно во повиоските катови на станбените згради“,велат од ЈКП „Стандард“.
Секоја употреба на водата што не е од суштинска потреба се смета за злоупотреба, велат од претпријатието и замолуваат граѓаните да не ја користат за наводнување, полнење на базени, миење дворови и тротоари. Додаваат дека секој заштеден литар помага повеќе семејства да имаат пристап до вода за пиење во овој период.
Од претпријатието додаваат дека нивни екипи во континуитет работат на стабилизирање на водоснабдувањето и преземаат мерки за што побрзо подобрување на состојбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…