САД и Иран постигнаа договор – цените на нафтата паѓаат
Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше како посредник, вели дека е постигнат договор меѓу САД и Иран.
„По интензивните разговори, со задоволство објавуваме дека е постигнат мировниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Исламската Република Иран“, изјави Шехбаз Шариф, премиерот на Пакистан, кој дејствуваше како посредник во преговорите. „Двете страни прогласија моментален и траен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.“ Тој додава дека официјалната церемонија на потпишување ќе се одржи на 19 јуни во Швајцарија.
Веста ја потврди и Доналд Трамп со објава на социјалната мрежа Truth Social
„Овој голем договор ќе донесе мир и безбедност во целиот регион“, пишува Трамп на Truth Social. „Многу претседатели се обидоа да склучат мир со Иран, и сите не успеаја пред мене. Лидерите на регионот, за прв пат, пронајдоа претседател кој може да им помогне да постигнат вистински мир. „Со отворањето на теснецот по потпишувањето на Договорот во петок, со цел отстранување на мини, нафтата повторно ќе тече од двата краја за регионот и за светот!“ напиша Трамп.
Оваа вест ја потврди и заменикот министер за надворешни работи на Иран. Тој во телефонски разговор со државната телевизија потврди дека е финализиран договорот со САД и дека официјалното потпишување ќе се случи во Швајцарија во петок.
Текстот на Договорот се уште не е објавен но врз основа на тоа како администрацијата на Трамп информираше за оваа можност , тој не ги решава на никаков убедлив начин прашањата што очигледно го мотивираа нападот на Трамп на прво место, ниту оние што ја поттикнаа агресивната одмазда на Иран.
За да се дојде до нешто што секоја страна може да го продаде како победа, на Трамп му е потребна долгорочна (најмалку 20 години), проверлива забрана за нуклеарно збогатување од страна на Техеран.
На Иран му е потребно сеопфатно олеснување на санкциите и пристап до десетици милијарди долари замрзнати приходи од нафта. Овие прашања отсекогаш биле основни точки на тензиите во односите на САД со Иран.
Американскиот сенатор Линдзи Греам од редовите на Републиканската партија вели дека иако е „задоволен“ што е договорен меморандум за разбирање меѓу САД и Иран, тој е „донекаде загрижен“ што „гледиштето на Иран за договорот се чини различно од она што го тврди американскиот преговарачки тим“. Во својот пост до X, републиканскиот сенатор рече дека ќе ги следи преговорите што ќе следат „одблизу“ и со нетрпение очекува да го разгледа „финалниот производ“ во Конгресот.
Иранската новинска агенција Мехр ги објави сите 14 клаузули од Меморандумот за разбирање со САД:
1: Трајно и веднаш прекинување на војната на сите фронтови, вклучително и Либан.
2: Обврска на САД за немешање во внатрешните работи на Иран и почитување на суверенитетот на Исламската Република Иран.
3: Целосно укинување на поморската блокада во рок од 30 дена.
4: Обврска на САД да ги повлечат своите сили од околината на Иран.
5: Повторно отворање на Ормутскиот теснец во рок од 30 дена според иранските договори.
6: Суспензија на санкциите за продажба на нафта, петрохемиски производи и деривати и целосен пристап на Иран до неговите финансиски ресурси.
7: Потреба САД и нивните сојузници да презентираат планови за реконструкција на Иран во износ од најмалку 300 милијарди долари.
8: 60 дена преговори за постигнување конечен договор врз основа на нуклеарните прашања и целосно укинување на примарните, секундарните, американските санкции и резолуциите на Советот за безбедност на ОН и Одборот на гувернери на МААЕ.
9: Повторување на обврската на Иран според договорот да не произведува нуклеарно оружје.
10: За време на преговарачкиот период, САД се обврзаа да не додаваат сили во регионот и да не воведуваат нови санкции.
11: Ослободување на 24 милијарди долари од блокираните средства на Иран за време на 60-дневниот последен преговарачки период. Половина од оваа сума мора да му биде ставена на располагање на Иран пред почетокот на преговорите.
12: Формирање на надзорен механизам за спроведување на договорот.
13: Конечниот договор ќе биде одобрен со резолуција на Советот за безбедност на ОН.
14: Конечните преговори нема да започнат пред ослободувањето на половина од блокираните средства на Иран, суспендирањето на санкциите за нафта на Иран и укинувањето на поморската блокада, а конечниот договор ќе ги опфати прашањата на збогатувањето на ураниумот, , укинувањето на санкциите и планот за економска реконструкција на Иран. Дискусиите за ракетната програма на Иран дефинитивно се отстранети од дневен ред.
Борјан Јовановски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Иран постигнаа договор – цените…
Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…
Техеран сè уште не донел конечна одлука…
Иранските државни медиуми во неделата објавија дека…
Трамп тврди дека Иран се согласил да…
Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…
Потпишувањето на договорот меѓу САД и Иран…
Иако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека…
(Видео) Американски борбен авион се урна во…
Американски борбен авион F/A-18 Hornet се урна…