САД му се зaканија на рускиот претседател Путин

САД му се заканија на рускиот претседател Владимир Путин.
Вашингтон е решен да води сериозни разговори со Москва за контрола на вооружувањето, вели во интервју за ТАСС, заменик-државниот секретар на САД за политички прашања Викторија Нуланд.
Ако сакаме да се вратиме на стабилни и предвидливи односи, тогаш првиот чекор е да им ги претставиме на претседателот Владимир Путин и на Кремљ сите области на податоци за нашиот одговор на руските безбедносни предлози – рече таа.
Нуланд повтори дека САД се подготвени за преговори, покажувајќи дека многу прашања можат да се решат преку дипломатија.
Но, ве молам, под никакви околности, за доброто на нашиот народ, за доброто на рускиот народ, украинскиот народ, европската безбедност, глобалната безбедност, да не започнуваме војна- додаде таа.
Претходно Нуланд изјави дека доколку Русија ја нападне Украина, санкциите против неа ќе бидат еднакви на целосна изолација на Москва од глобалниот финансиски систем.
Инаку, на Олимписките игри во Пекинг, додека украинските олимпијци го вееја украинското знаме, рускиот претседател Владимир Путин дреме, односно се преправа дека спие.
Тој ги игнорираше Украинците пред чија граница има распоредено повеќе од 100.000 војници со полна воена опрема во најголемата криза на релација исток-запад од времето на Студената војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба: Украина ќе продолжи во битката против…
Украина ќе продолжи во битката против руската…
Путин: Цел свет им се смее на…
Светот им се смее на некои од…
Амбасадата на САД открива за што разговарале…
Силна поддршка од САД за Македонија, нашиот…
НАТО: Русија има огромна зимска залиха на…
Руските сили се подготвуваат за нови напади…
Москва: Примирје во Украина е малку веројатно…
НАТО се коцка со базичните интереси на…