Објавено на:

САД наместо Македонија ќе ја предводи истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“

t

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB) ќе ја предводи истрагата за сериозниот инцидент со авионот „Боинг 737-800“, кој летал на линијата FR1879 на „Рајанер“ (Malta Air), а инцидентот се случи во воздушниот простор над Северна Македонија.

Од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) за МИА информираа дека, согласно Анекс 13 на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), претходно било доставено барање истрагата да биде делегирана на американскиот NTSB.

Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски, изјави дека и македонски претставници ќе бидат дел од истражниот тим.

„Во истрагата предводена од NTSB ќе учествуваат и претставници на КИНСИВ“, изјави Прпоски за МИА.

Тој појасни дека по добивањето на информацијата за инцидентот, вчера во 13:20 часот, КИНСИВ, согласно меѓународните воздухопловни процедури, ги известил Француското биро за истраги и анализи на безбедноста на цивилното воздухопловство (BEA), Грчката агенција за истрага на несреќи и сериозни инциденти, NTSB и ICAO.

Според соопштението на авиокомпанијата „Рајанер“, авионот кој летал од Солун кон Меминген бил принуден да се врати на аеродромот во Солун кратко по полетувањето, откако за време на летот дошло до сериозен инцидент при кој се откачил прозорец покрај едно од патничките седишта.

При инцидентот полесно бил повреден еден патник, кој по слетувањето добил медицинска помош. Од авиокомпанијата соопштија дека авионот безбедно слетал во Солун, а патниците биле вратени во терминалната зграда.

„За да се минимизира доцнењето, обезбеден беше заменски авион кој ги превезе патниците до Меминген. Летот полета од Солун утринава во 9:35 часот по локално време“, наведоа од „Рајанер“.

Инцидентот предизвика големо внимание бидејќи се случил над воздушниот простор на Северна Македонија, а истрагата треба да утврди како дошло до оштетувањето на авионот и дали станува збор за технички дефект, структурен проблем или друг фактор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД наместо Македонија ќе ја предводи истрагата…

Националниот одбор за безбедност во транспортот на…

Се огласија од Baking Bread по пожарот:…

Познатиот скопски угостителски локал Baking Bread се…

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е признаена како лидер во…

Единствената коалиција која функционира е Левица, СДС…

ЦУК и МВР најдоа изгубен странски државјанин…

Во 21:55 часот, преку Единствениот повикувачки број…

Извлечени тројца планинари од планината Бистрица: Едниот…

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи…