САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран
САД ги продолжуваат нападите врз Иран. Овојпат, цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана.
Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и трговски бродови. Американската команда тврди дека, откако повторно почнала да ги блокира иранските пристаништа, пренасочила девет комерцијални бродови, а уште еден онеспособила. Дополнително за првпат Америка го употреби стратегискиот бомбардер Б-1 во нападите врз цели на Иран.
-Во моментов, ситуацијата е прилична едноставна. Бродови се обидуваат да минат низ теснеците и тие се напаѓани. Комерцијални бродови кои пловат низ теснеците се напаѓани. САД го штитат овој поморски сообраќај и, покрај тоа, ги гаѓаат местата од каде што се извршуваат нападите врз тие бродови, со цел дополнително да се намали способноста на Иран да напаѓа и да го загрозува глобалниот поморски сообраќај. Тоа сега се случува и на тоа сме сега фокусирани – изјави Рубио.
Со веќе препознатливата остра реторика, Трамп се закани дека САД ќе ја напаѓаат цивилната инфраструктура во Иран како одговор на секој напад врз брод во Ормускиот Теснец.
-Во овој судир што го имаме со Исламската Република Иран, и намерно ја нарекувам така, затоа што, да ви кажам, тие трпат нависнина силни удари и сакаат да постигнат договор. Но, јас велам дека се уште не се подготвени за договор. Затоа што секојпат кога ќе постигнеме некаков договор, тие сакаат да ги менуваат и слино. Не се подготвени. Но, ќе бидат подготвени многу наскоро. – изјави Трамп.
Во меѓувреме, Техеран ги нападна американските сојузници низ Блискиот Исток. Иранските државни медиуми јавија дека американски ракети погодиле цели во западниот дел на Иран. Во уште еден американски ракетен напад на границата со Ирак, биле убиени две лица.
Раководството во Техеран одговори со сопствени закани. Во случај на американски напади врз иранската инфраструктура, ќе следува масовна одмазда, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи на платформата Х. Тој посочи дека иранската одбранбена политика е јасна: „Око за око“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран
САД ги продолжуваат нападите врз Иран. Овојпат,…
Црвениот крст отвори сметка за донации за…
Црвениот крст отвори сметка на која сите…
Унгарски „Икарус“ повторно најевтин понудувач за автобусите…
Во однос на Jавниот повик за набавка…
Над 300.000 боледувања за една година: Се…
Во организација на Министерството за здравство и…
ДУИ: Град Скопје веднаш да го отстрани…
Демократската унија за интеграција уште еднаш го…