ДУИ: Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд
Демократската унија за интеграција уште еднаш го повика градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што, како што велат, целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик.
„И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик од официјален билборд не претставува само прекршување на законот, туку и постапка што создава чувство на исклученост и предизвикува непотребни меѓуетнички тензии. ДУИ нема да дозволи почитувањето на албанскиот јазик да зависи од политичката волја на еден поединец. Поради тоа, ќе поведеме правна постапка пред надлежните институции за утврдување и санкционирање на ова прекршување. Сепак, почитувајќи ја реакцијата на граѓаните и потребата од зачувување на соживотот, уште еднаш го повикуваме градоначалникот на Скопје да постапи одговорно, да го почитува законот и да не создава поделби, омраза и меѓуетнички тензии во главниот град. Скопје им припаѓа на сите негови граѓани. Албанскиот јазик не е привилегија ниту декорација, туку право загарантирано со закон. Незаконскиот билборд мора веднаш да биде отстранет“, велат од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…
Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…
Владата не може да ги обезбеди законски…
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…