Објавено на:

САД распоредија околу 3.000 војници во Израел – се очекуваат дополнителни сили поради можност од нова ескалација со Иран

t

Околу 3.000 американски војници во моментов се распоредени на различни локации низ Израел, додека Вашингтон се подготвува дополнително да го засили своето воено присуство во регионот поради опасност од нова и брза ескалација со Иран, објави израелски „Вала“.

Според информациите на израелскиот медиум, американските сили во Израел вклучуваат екипажи задолжени за системите за противвоздушна и противракетна одбрана, пилоти и воздухопловен персонал, логистички единици, како и команден и друг персонал за поддршка. Во следните недели се очекува пристигнување на дополнителни американски војници и авиони.

Извори од безбедносните структури велат дека американската армија во последните недели спроведува и редовни ротации на своите сили, но засилувањето доаѓа во момент на сериозно зголемени тензии меѓу Вашингтон, Тел Авив и Техеран.

Паралелно со американските подготовки, и израелската армија се подготвува за сценарио во кое конфронтацијата со Иран би можела многу брзо да прерасне во поширок воен судир. Израелските планери посебно ја разгледуваат можноста од ненадејни ирански ракетни напади врз Израел и Јордан, при што координацијата со американската Централна команда – CENTCOM – продолжува.

Израелската армија истовремено анализира какви операции би биле потребни доколку дојде до нова голема кампања против Иран, вклучувајќи избор на цели за потенцијални масовни воздушни напади. Според израелските проценки, економскиот притисок и американските санкции врз Техеран дополнително ја зголемуваат непредвидливоста на ситуацијата.

Американското засилување не е ограничено само на Израел. Пентагон веќе придвижува дополнителни поморски и марински сили кон Блискиот Исток. Носачот на авиони USS Theodore Roosevelt е на пат кон регионот, додека амфибиската група предводена од USS Makin Island испловила со околу 2.200 маринци, покрај приближно 2.000 морнари на трите бродови од групата.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет вчера одби да потврди дали Вашингтон планира во регионот истовремено да распореди три носачи на авиони, но порача дека неговата задача е претседателот Доналд Трамп да има „што е можно поширок спектар на опции“ доколку ситуацијата со Иран дополнително се влоши.

Ситуацијата дополнително ја вжештуваат информациите дека Израел неодамна ја предупредил Германија за зголемен ризик од напади врз американски воени бази на германска територија, особено Рамштајн и Шпангдалем. Според извештаите, разузнавачките проценки опфаќале и можни напади со беспилотни летала поврзани со Иран.

Засега нема јавна потврда дека Вашингтон или Израел донеле одлука за нова голема офанзива против Иран. Сепак, концентрацијата на американски сили, дополнителната противвоздушна одбрана и подготовките на израелската армија покажуваат дека двете земји сериозно го разгледуваат сценариото во кое сегашната криза може многу брзо да премине во нова директна конфронтација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран постави услови за отворање на Ормускиот…

Иран порача дека Ормускиот Теснец нема да…

Вселенската патријаршија: Договорот меѓу Грција и Бугарија…

Вселенската патријаршија го поздрави договорот меѓу Грција…

ЦУК: Регистрирани 46 пожари на отворен простор…

Вкупно 46 пожари на отворен простор се…

Мерц го повика Путин да ја прекине…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот…

Пјонгјанг објави детали за ракетната вежба: тврди…

Северна Кореја објави дополнителни информации за ракетното…