САД: Украина ќе продолжи да дава отпор, нема да отстапи

t

„Украина ќе продолжи да дава отпор. Украина нема да отстапи“, изјави во Вашингтон генерал Марк Мили, началник на Здружениот Генералштаб, додавајќи дека Украина е слободна и „сака да остане слободна“. И Мили и министерот за одбрана Лојд Остин изјавија дека Соединетите Држави ќе ја поддржат Украина „сѐ додека е потребно“.

Мили ја минимизираше можноста за каква било непосредна, директна воена победа за Украина, предупредувајќи дека Русија сè уште има значителна борбена моќ во Украина и покрај воените неуспеси што ги претрпе.

„Веројатноста за украинска воена победа – дефинирана како протерување на Русите од цела Украина вклучувајќи го и Крим – веројатноста тоа да се случи наскоро не е голема, воено“, рече Мили на заедничката прес-конференција со Остин. Сепак, тој смета дека е можно политичко решение.

Остин рече дека Украина сама ќе одлучи кога е вистинското време за преговори. Според Мили, Украинците треба да го продолжат притисокот врз Русите, но доаѓа зима и студ, па воените операции природно ќе се забават.

Остин се согласи дека ќе има забавување, но рече дека доаѓањето на зимата не значи дека Украинците ќе престанат да се борат. Тој исто така рече дека американски експерти се на терен и помагаат во истрагата за експлозијата во Полска.

Вчеравечер во селото Пржеводов, на истокот на Полска, во близина на границата со Украина, две лица загинаа во ракетна експлозија, која предизвика тревога низ целиот свет, бидејќи проектилот паднал врз земја членка на НАТО, а смета дека нападот на една членка е напад на целата Алијанса.

Полска и НАТО алијансата рекоа дека најверојатно станува збор за залутана украинска ракета за воздушна одбрана, а не за руски напад, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира дека експлозијата не била предизвикана од украинска ракета.

Остин рече дека САД сè уште собираат информации, „но не видовме ништо што би противречело“ на сугестиите на НАТО и Полска дека е можно тоа да биде падната украинска ракета за воздушна одбрана. Мили рече дека по инцидентот во Полска имало неуспешни обиди за комуникација со руската страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…