Самка со мистepиозна порака: Во политичките води најдобро пливаат празните глави

t

Претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски со мистериозна порака на социјалните мрежи:

-Во политичките води најдобро пливаат празните глави, пишува тој.

На кого се однесува овој напис на Ибраимовски останува непознато, но мора да се напомене неговото незадоволство од позицијата на Ромите и неговата партија во коалицијата со СДСМ.

Анализиравме во партијата што сме добиле од 2016 до сега. Имаше големо разочарување од целото тоа чекање нешто да се случи. Нашата партија е најстара ромска партија, регистрирана е дури и пред СДСМ, вели Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите кој пред неколку дена си поднесе оставка од функцијата заменик директор на Македонија пат.

За причините за незадоволство Ибраимовски вели дека тоа лежи во непочитувањето.

– Ја почитувавме одлуката на првиот претседател да бидеме лево ориентирани. Јас бев пратеник и потоа бев министер а пратеничката функција да ја преземе друг член од нашата партија. Мојот кабинет беше посветен на Ромите и направивме многу. Направивме проблематични улици во ромски маала и обезбедивме средства за изградба на 25 куќи за Роми во Кочани, исто и во Шуто Оризари направивме 13 улици и во 300 куќи направивме струја и така натаму. Со овој кабинет направивме многу. Владата требаше да направи анализа дека овој кабинет работел, но се случи да се згасне моето министереско место. И според мене тоа беше најголемата грешка, вели Ибраимовски во Утрински Брифинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српска “Политика” со брутален коментар за бугарската…

Македонскиот државен врв, почнувајќи од претседателот, премиерот,…

Арсовски: Ќе го вратиме Фрчкоски од Њујорк…

Дури ни Заев не успеа да го…

ВМРО-ДПМНЕ: Човек кој тепаше жени ќе ја…

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на одлуката на Претседателот Пендаровски…

Германскиот министер за економија: Водевме наивна политика…

Гасоводот „Северен тек 2“ нема да биде…

(Видео) Директорка на ЈП од СДСМ распишала…

На денешната пресконференција на Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ,…