Објавено на:

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација на самитот во Украина

t

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите на 11 земји што присуствуваат на Самитот Украина-Југоисточна Европа денес во Одеса, не ја потпишал силно антируската декларација што беше усвоена, дознава „Спутник“.

Претседателот Вучиќ, кој ја посети Украина за прв пат од почетокот на Руската агресија, не се согласил со документот против Москва.

Ова е очигледно и во самиот текст, каде што Александар Вучиќ не се споменува меѓу лидерите што го поддржале документот. Претседателот на Србија одбил да го поддржи барањето на другите учесници на Самитот бидејќи текстот го нагласува барањето за одржување на постојните, но и за понатамошно зајакнување на санкциите против Русија.

Инаку, на самитот во Одеса, Вучиќ повика на интензивирање на дијалогот и брзо постигнување мир. На самитот Украина-Југоисточна Европа, зборував за сè посилната потреба од интензивирање на дијалогот и брзо постигнување мир како предуслов за решавање на сите други отворени прашања, изјави Вучиќ на социјалните мрежи. „Нагласив дека светот е на историска пресвртница и дека само од нас зависи каква иднина ќе создадеме за генерациите што доаѓаат. Силно се залагав гласот на дипломатијата да се чуе што е можно погласно, за да можеме подобро да се разбереме“, додаде тој. Вучиќ рече дека имал „значаен и отворен“ разговор со Володимир Зеленски „за клучните прашања од современите геополитички предизвици со кои се соочува Европа и целиот свет“.

„Разменивме мислења за важноста на постигнувањето долгорочен и одржлив мир, почитувањето на меѓународното право, како и улогата на дипломатијата во надминувањето на конфликтите“, рече претседателот. Вучиќ додаде дека тој и шефот на киевскиот режим разговарале и за економски теми, како и за заедничките цели во постигнувањето на најсилната можна соработка во различни општествени сфери како основа за секој понатамошен напредок.

Четвртиот самит Украина-Југоисточна Европа, организиран од украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги собра претставниците на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои романскиот претседател Никусор Дан, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, молдавската претседателка Маја Санду, литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, бугарскиот премиер Росен Железков, претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали, Тања Фајон во име на ЕУ. На самиот документ погоре може да го видите и првиот вице-премиер на Македонија, Изет Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…