Само на Балканот: Го убила сопругот, па зачистила и сменила теписи пред да викне полиција

t

Жена осомничена дека го убила сопругот во семејната куќа е уапсена во Добој, Република Српска.

Како што неофицијално дознава порталот Nezavisne.com, Ханифа Мујезиновиќ (59) наводно со кујнски нож го исекла својот сопруг Хасан (55) во надлактицата, погодувајќи го во крвните садови, по што тој искрварил до смрт. На убиството му претходела расправија во семејниот дом.

Откако починал, таа ја исчистила куќата, го пресоблекла сопругот и поставила нови теписи. Потоа повикала полиција и им рекла дека се скарала со сопругот и дека тој сам си ги нанел повредите од кои починал.

Но, полицијата ги пронашла крвавите теписи.

Полициската управа Добој извести дека во понеделникот била уапсена жена поради сомнение дека сторила кривично дело убиство.

Постои сомнение дека дотичната истиот ден во семејниот дом му го одзела животот на сопругот на Х.М., по што го сменила местото на злосторот и потоа побарала интервенција на полициски службеници, наведуваат од полицијата.

Оттаму додаваат дека таа вчера била предадена во надлежност на Окружното јавно обвинителство Добој заедно со пријава за стореното кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…