Санкции за секој политичар кој ќе повикува за Голема Албанија

Американскиот институт за надворешна политика “Џон Хопкинс“ објавил извештај во кој е наведено дека ќе се санкционираат сите кој повикуваат на создавање Голема Албанија.
Во извештајот на американскиот институт е наведено дека администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден ќе го санкционира секој политички лидер во Албанија и на Косово кој повикува на обединување на двете земји.
Извештајот, кој ја објаснува актуелната ситуација на Балканот, посебно се нагласени односите меѓу Србија и Косово, пренесдуваат медиумите кои известуваат на албански јазик.
Во извештајот се објаснува детален план како Косово може да се доближи на Западот, истакнувајќи дека земјите на ЕУ кои сеуште не го признале Косово, доколку го променат својот став, ќе биде клучен во создавање на регионална стабилност. Тие, спрема американскиот извештај, дијалогот Белград-Приштина ќе го поместат од моменталната позиција.
“На големо се преговара со Грција околу признавање на Косово, а со тоа на Косово ќе му се отвори патот да стане членка на НАТО“, се наведува во извештајот кој предупредува “дека алармантно е зголемото русокото и кинеското влијание на Балканот“.
Во извештајот се нагласува дека на Косово потребо му е признавање од четири членки на НАТО, Шпанија, Словачка и Грција, како и од Кипар која не е членка на НАТО, но е на ЕУ при што со нивното признавање би се “трансформирал“ дијалогот помеѓу Белград и Приштина.
“Да се убедат овие земји да го признаат Косов не е така лесно“, се заклучува во извештајот на американскиот институт за надворешна политика “Џон Хопкинс“.
извор Б92 ср.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Самитот на ОБСЕ е одлична можност…
"Македонија треба да е горда на своето…
Москва: САД се обидуваат да организираат државен…
Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Ријабков…
Москва: Разговори со САД скоро невозможни
Русија нема да се согласи на „еднострани…
Захарова: САД замижуваат пред украинскиот теpоpизам
Вашингтон е де факто одговорен за нападите…
Блинкен ќе ја истакне лидерската улога на…
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе…