Сарацин: Германија ќе биде на страна на Македонија и би сакал да ја придружуваме на европскиот пат
Вратата кон ЕУ сега е широко отворена и треба да се влезе за да го продолжиме патот заедно, порача Мануел Сарацин, спрецијалниот претставник на Германија за Западен Балкан, кој е во посета на Македонија.
„Oвој процес со Северна Македонија мора да се случи, тоа е во интерес на Северна Македонија и во интерес на ЕУ. Овој европски компромис според мене е шанса. Кога видов што стои во последниот документ бев зачуден, бидејќи видов дека е тој вистински компромис во кој се земени предвид барањата на Владата на Северна Македонија. Еден компромис никогаш не е перфектен, но овој предвидува процесот на преговори да почне веднаш по неговото прифаќање без натамошни одложување и блокади“, рече Сарацин.
„Во Германија ние велиме – да го направите следниот чекор. Германија ќе биде на страна на Северна Македонија и би сакал да ја придружуваме на европскиот пат“, истакна Мануел Сарацин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното…
Америка подготвува јавна егзекуција по 90 години:…
Американската војска планира во живо да ја…
Мицкоски: Уставните измени остануваат услов, бараме начин…
Ставот на Владата за уставните измени како…
Од понеделник почнува примената на „Безбеден град“…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…
(Видео) Силна турбуленција на лет од Колумбија…
Осум лица биле пренесени во болница откако…