„Сармат“ нема да бара дозвола за прелет од кукавичките Бугари и Црногорци – Русите се заканија

t

Веста дека Македонија, Црна Гора и Бугарија воведоа забрана за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сереј Лавров кој требаше да го посети Белград ја налути Москва која реагираше преку портпаролката Захариева.

Но ,бившиот вицепремиер на Русија, Дмитри Рогозин на Твитер се закани со руските интерконтинентални ракети Сармат кои во моментов се најмоќното оружје во светот.

„Сармат нема да бара дозвола за прелет од кукавичките Бугари, одмаздољубивите луѓе во Романија и Црногорците кои ја предадоа нашата заедничка историја“, напиша Рогозин не спомнувајќи ја Македонија, намерно или ненамерно, иако и ние сме дел од забраната за прелети.

Македонското министерство за надворешни работи после оваа информација која крена голема прашина во регионот.
„Министерството за надворешни работи го одби барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авио-превозници во сопственост на Руската Федерација“, велат од МНР.

Потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент, Константин Косачев смета дека одлуката е удар врз Русија и на Србија, како држави.

„Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во форма на, не само дипломатски протести, туку и конкретни, практични одговори. Тоа беше непочитување”, напиша тој на Телеграм.

Како што истакна Косачев, одлуката на Бугарија, Црна Гора и на Северна Македонија, не била самостојна. „Со влезот во НАТО, сите три земји го изгубија суверенитетот”, тврди Косачев.

Тој додаде и оти „НАТО со директна интервенција во билатералните работи на Русија и Србија се обидува да го заземе и потчине остатокот од Европа”.

Следната фаза ќе биде „ширење на сојузот на целиот свет, каде по Русија, Кина ќе стане стратешка цел број два”, нагласи Косачев.

Неговата реакција е една од низата, откако следуваше забраната за прелет на авионот со Лавров кон Србија, каде тој денеска требаше да пристигне во дводневна посета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…