Сателитски податоци откриваат масовно ширење на алгите низ океаните
Глобалните океани влегуваат во фаза на брзо ширење на морските алги. Анализата на сателитски податоци од изминатите две децении, предводена од истражувачи од Универзитетот на Јужна Флорида и американската агенција NOAA, открива дека пловечките алги масовно се зголемуваат на светско ниво. Податоците објавени во списанието Nature Communications покажуваат дека водените површини сè почесто создаваат идеални услови за развој на густи слоеви од морска трева и микроалги.
Научниот тим обработи 1,2 милиони сателитски снимки направени во периодот меѓу 2003 и 2022 година. Со помош на компјутерски модели за длабоко учење, истражувачите ги мапираа површинските промени на океаните низ 13 географски зони.
Резултатите покажуваат два паралелни процеси. Микроалгите на површината бележат стабилен глобален раст од еден процент годишно, достигнувајќи вкупна покриена површина од 43,8 милиони квадратни километри. Кај макроалгите растот е значително подраматичен. Во тропскиот дел на Атлантикот и западниот Пацифик, овие морски растенија се шират со стапка од 13,4 проценти годишно.
„Нашите резултати покажуваат дека глобалниот океан сега фаворизира раст на пловечки макроалги. На глобално ниво, сведоци сме на режимска промена од океан сиромашен со макроалги кон океан богат со нив“, изјави професорот по океанографија од Универзитетот на Јужна Флорида, Чуанмин Ху.
Додека малите количини морска трева на отворено море служат како природно живеалиште за рибите, нивното натрупување кон бреговите создава директна опасност. Огромните слоеви што стигнуваат до крајбрежјата брзо гнијат, испуштаат непријатен мирис и го намалуваат кислородот во плитките води.
Ваквите појави директно ги погодуваат туристичките центри, рибарството и локалните екосистеми. Првите големи неконтролирани цветања на зелената алга Улва се забележани во Жолтото Море во 2008 година, по што следуваа масовни наноси од саргасум во Атлантикот во 2011 и во Источното Кинеско Море во 2012 година. Пред овие години, ваквите појави беа изолирани исклучиво во регионот на Саргасовото Море.
Научниците посочуваат дека експанзијата произлегува од комбинација на климатски промени и човечко влијание врз копното. Зголемените температури на морската вода, промените во океанските струи и испуштањето на хранливи материи и ѓубрива преку реките создаваат поволна средина за буење на флората.
„Ќе продолжиме со истражување на новите сателитски податоци за да добиеме уште појасна слика за овие проширувања“, најави Лин Чи, океанограф од Центарот за сателитски апликации и истражувања при NOAA и прв автор на студијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сателитски податоци откриваат масовно ширење на алгите…
Глобалните океани влегуваат во фаза на брзо…
Монструозен случај: Татко го оставил седумгодишниот син…
Наместо да продолжи со семејното искачување, седумгодишно…
Американски суд ја поништи забраната на Трамп…
Американски суд ја поништи забраната на Трамп…
Путин се закани со нови напади врз…
Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва…
Франција испраќа ракети за Украина по нападот…
Франција ја засилува воената помош за Украина…