Сашо Мијалков со демант: Немам ниту имот, ниту интерес во Барутана

t

Сашо Мијалков остро ги демантира информациите изнесени од политичката партија Левица дека наводно му бил подарен имот во месноста Барутана.

Во демантот, Мијалков тврди дека не поседува никаков имот на посочената локација, ниту, како што наведува, има каков било интерес поврзан со неа.

„Целосна лага се информациите изнесени од страна на политичката партија Левица дека мене некој ми подарил било што во месноста викана Барутана“, наведува Мијалков.

Тој додава дека тоа не се однесува само на него лично, туку и на компаниите кои се во негова сопственост, како и на компаниите во сопственост на членови на неговото семејство.

Според Мијалков, овие факти можат лесно да се проверат во Централниот регистар и во надлежните институции.

Во реакцијата тој се осврнува и на споменувањето на неговото име во текст на „Призма“, оценувајќи дека тоа е направено надвор од контекст во однос на Барутана.

Мијалков тврди дека станува збор за наведување деловни активности од пред десет години кои, според него, на никаков начин не се поврзани со актуелниот случај. Тој оценува дека ваквиот начин на известување може да создаде погрешна перцепција кај јавноста.

„Не знам кои се причините за пласирање на вакви невистини и мое инволвирање, но секое изнесување на неточни и непроверени информации кои може да нанесат штета повлекува одговорност“, наведува Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сашо Мијалков со демант: Немам ниту имот,…

Сашо Мијалков остро ги демантира информациите изнесени…

Уапсена е инспекторка од АХВ – барала…

Во полициска акција во Скопје, неофицијално, приведена…

Од Нова Градишка до Крушево: 930 километри…

Шестмина македонски велосипедисти денеска пристигнаа во Крушево,…

Макрон предупредува: Можно е руски напад врз…

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека не…

Клековски: Заврши пријавувањето за вработување на 300…

Заврши пријавувањето на повикот на Министерството за…