Објавено на:

Светот се приближува кон нуклеарна војна, тврди висок руски дипломат

t

Високиот руски дипломат кој е постојан претставник на Русија во ОБСЕ, Дмитриј Пољански, предупреди дека светот се приближува кон нуклеарна војна. Тој ги обвини членките на НАТО дека подготвуваат воен конфликт со Москва и дека учествуваат во нападите врз руските бродови на Балтикот. Тој го кажува ова во време кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно го повика рускиот претседател, Владимир Путин, да ја намали воената агресија во Европа, пишува „Њуизвик“.

Полјански ги истакна воените вежби во близина на руските граници, како што е вежбата „Штит на слободата 2026“, и тврди дека тие биле дел од подготовките за заземање на Калининград, руската енклава меѓу Полска и Литванија. Рускиот дипломат рече дека западното воено планирање вклучува испраќање војници во Украина, блокада на Калининград и закани кон Белорусија, која е близок сојузник на Москва.

– Со други зборови, се вежба директен пат кон нуклеарна војна со Русија – рекол Полјански, според руската државна агенција ТАСС.

Литванската војска ги опиша вежбите предводени од Германија, кои траат до 3 декември, како активности за подобрување на борбената готовност, оперативното планирање и на соработката меѓу сојузниците. НАТО сè уште инсистира на тоа дека е исклучиво одбранбен сојуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот се приближува кон нуклеарна војна, тврди…

Високиот руски дипломат кој е постојан претставник…

Сиљановска-Давкова од Охрид: Проширувањето на ЕУ е…

Проширувањето на Европската Унија не е само…

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Оспорувањето на…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Хрватска…

Франција влезе во техничка рецесија – БДП…

Француската економија забележа поостар пад во третиот…

Пирц-Мусар: Проширувањето на ЕУ сѐ уште се…

Земјите од Западен Балкан мора да станат…