Светското е далеку: Македонските ракометари убедливо загубија од Фарските Острови
Македонската машка ракометна репрезентација загуби вечерва на гостувањето во Торшавн од Фарски острови со 34-27 (18-14) во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров со многу осцилации го одиграа првиот дел, дозволувајќи му на домаќинот во воведните 10 минути да стекне предност од плус пет голови (7-2), која Фарски Острови ја зачуваа до крајот на полувремето.
Македонските ракометари во вториот дел на моменти беа во негатива и од осум голови (18-26, 20-28) и ќе имаат тешка задача да ја надоместат разликата на дуелот во Скопје.
Филип Кузмановски со осум голови беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија.
Реваншот е на програмата в недела во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.
Домаќини на Светското првенство, 29 по ред, кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година, ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…