СВР Тетово: Два случаи на фатена марихуана во последното деноноќие
На 17.04.2026, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ј.А.(28) од с.Сенокос, готиварско. При претрес во неговиот дом и помошни, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.04.2026 во 22:50 часот во с.Долно Палчиште, општина Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода М.А.(27), Ш.Х.(35), С.Р.(43) и А.Д.(36), сите од с. Топлица, затоа што при извршен преглед на патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Ш.Х., а другите биле сопатници, во возилото била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СВР Тетово: Два случаи на фатена марихуана…
На 17.04.2026, полициски службеници од ОВР Гостивар…
Син и ќерка натепале татко, жена го…
Во последните 24 часа уапсени се три…
МВР со детали за синоќешната сообраќајка во…
Вчера во 21:20 часот во СВР Скопје…
Претрес во Тетово, пронајдена дрога, лишено од…
На 16.04.2026 во 22:05 часот, полициски службеници…
Тешко повредено 7-годишно дете во несреќа во…
На 14.04.2026 околу 17:30 часот во ОВР…