МВР со детали за синоќешната сообраќајка во Ѓорче Петров: Верижен судир на пет возила, повредни десет лица

t

Вчера во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Л.Ј.(19) од с.Кондово, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(38) од с.Ласкарци, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С.(25) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(37) од с.Крушопек, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од с.Глумово, скопско. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.Ј., додека со телесни повреди се здобиле двајца негови сопатници,  шест лица од другото возило „бмв“ и возачот на „мерцедесот“ Б.Р, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Градската општа болница „8 Септември“ Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…