СДСМ ги негира доказите за криминалот на Шилегов: Грабежот од 75000 евра се исплател, веб-сајтот некогаш функционирал
Од СДСМ излегоа со соопштение во врска со поднесените кривични пријави поднесени од страна на Град Скопје до Јавното Обвинителство, а во врска со потрошените 75000 евра за изработка на веб сајт на Градот Скопје.
Го пренесуваме соопштението во целост:
“Данела Арсовска продолжува да измислува скандали и афери во обид да ја сокрие сопствената неспособност и неработење.
Згора на се истите лажни афери Арсовска ги објавува на веб страницата на Град Скопје за која вели дека не постои.
Очигледно е дека веб страницата на Град Скопје функционира: https://skopje.gov.mk/. Тоа што проектот се реализира во фази не е кривично дело, напротив.
Арсовска треба да одговори на граѓаните зошто објавила тендер за хостинг и одржување вреден речиси 10.000 евра и дали тоа не е премногу за овој вид услуга?
Договорот е јавно достапен на Биротот за јавни набавки:
https://e-nabavki.gov.mk/File/DownloadContractFile?fileId=00d33fe0-7d50-4428-81c8-c4cb9e47f69a
Едно е јасно, секогаш кога Арсовска ќе биде фатена во лага, таа преку институцијата со која раководи поднесува неосновани кривични пријави и измислува афери.
Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ наместо да работи на реализација на мерки и проекти, таа бара оправдувања, се крие зад соопштенија и неосновани кривични пријави.
Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје и ниедна измислена афера тоа не може да го сокрие.” – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…
СДСМ се огласи по повод изјавата на…
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
СДСМ бара Таравари да поднесе оставка
Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…
„Зголемените трошоци за живот се претворија во…