СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркетите – повисоки цени наместо пониски

t

„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија. Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект. Измамата со „новогодишната кошничка“ се гледа во маркетите, наместо пониски има повисоки цени“ соопштија денеска од опозициската СДСМ.

Од партијата со став „Фактите зборуваат сами за себе: Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари. Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување. Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм. Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари“.

„Ова се фактите кои потврдуваат дека мерките на власта не ја олеснуваат, туку ја влошуваат ситуацијата за граѓаните. Трговците прво ги зголемија цените, а потоа мерките стапија во сила, без никаква реална корист за луѓето. Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните“ велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…