СДСМ: Гоце Делчев би се згадил од ВМРО-ОКГ
Соопштение за јавност
Внукот на Гоце Делчев, Христо Христов, во интервју за бугарските медиуми изрази длабока загриженост и гадење од актуелната ситуација на Балканот и односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Тој вели:
„На моите 63 години не сум видел полоши односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.“
„Секако дека е возможен искрен дијалог ако има нормални луѓе. Кога светските војни се завршиле, значи и недоразбирањата ќе завршат. Потребни се вистинските луѓе.“
„Ако Гоце Делчев денес го видеше Балканот, како мислите дека би ја оценил ситуацијата меѓу народите за чие ослободување и обединување се бореше? – Со гадење.“
„Потребни се нормални луѓе на двете страни. Кога ќе се најдат вистинските луѓе, ќе се најде и решение. Народот на Балканот заслужува подобар живот.“
На оваа порака на мирот и помирување од внукот на Гоце Делчев, реагираше и Илија Димовски од ВМРО-ОКГ, кој рече:
“Тоа е тажната судбина на Македонците, да се гледаме преку бариери што ги поставија други. Бариерите ги поставија црквите, договорите, границите, државите, пропагандите и непријателите.”
Гоце Делчев би се гадел од ВМРО-ОКГ и Мицкоски.
Тој се бореше за единство и слобода, а не за поделби и конфликти.
Тој се бореше за правда, а не за криминал и корупција.
Тој се бореше за иднина, а не за изолација и блокада.
Гоце Делчев денес би бил борец за Европска Унија, а не за политика која нè враќа во 90-тите години, политика на поделби и деструкција, политика на воена пропаганда.
Денес ВМРО-ОКГ води политика на вештачки конфликти со соседите, на поделби во општеството и на блокирање на европскиот пат.
Тие го користат името на Гоце Делчев за своја пропаганда, а истовремено ја држат Македонија како заложник на својата криминална организација.
СДСМ продолжува да се бори за вистинските идеали на Гоце Делчев – за единствена, слободна и европска Македонија.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гоце Делчев би се згадил од…
Соопштение за јавност Внукот на Гоце Делчев,…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на Заев, а…
СДС и Венко Филипче во едни соопштенија со…
Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,…
Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби,…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска…
Лукаревска: Со политиките на Владата, шопската салата…
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска обвини дека…