ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на Заев, а Заев ја даде СДС под кирија на Румен Радев
СДС и Венко Филипче во едни соопштенија со обвиненија кон ВМРО-ДПМНЕ за србофилство во други за бугарофилство, а во исто време криминалците и предавници Зоран Заев и Венко Филипче со документи за престој и златни визи од Дубаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очигледно Венко Филипче е сервилен слуга на Зоран Заев, а Заев, СДС ја даде под кирија на Румен Радев. Како што имаше директни сведоштва од Бугарија дека Заев добил пари од Софија, а за возрат ветувал прислушувани разговори, со кои тргувал пред да стане премиер, и ветувања за други бизниси, сега е многу веројатно дека Заев Софија ја користел за перење на криминално стекнат капитал поради што е уценет и сега одработува за Бугарија“, стои во партиското соопштение.
Од владејачката партија обвинуваат дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче одработува за Бугарија.
„Притисоците од СДС за прифаќање на бугарските диктати, не се ништо друго освен одработување на уценетите предавници и котиња, Заев и Филипче. Овие уценети котиња сакаат сега да ја фрлат Македонија на колена со нови предавства. Затоа им смета ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде брана за предавничките политики на котињата Заев и Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…