СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како УМС ги прекрши законите по трагедијата во Кочани, а Тошковски молчи?“

Додека цела Македонија тагува по трагедијата во Кочани, каде животот го загубија млади луѓе, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ (УМС) организираше журка со пиротехнички средства – потег кој предизвика револт во јавноста, особено кај младите.
Иако од УМС се обидоа да се оправдаат со изјава дека не било потребно да го пријават палењето на факлите, вистината ја демантира нивното тврдење. Законот е јасен.
Според член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства, секоја употреба на факли, огномети или слични средства мора да се пријави во Секторот за внатрешни работи најмалку пет дена пред одржувањето на настанот. При тоа, организаторите се должни да достават податоци за локацијата, времето, целта и точниот број на употребени пиротехнички средства.
Очигледно е дека УМС не го испочитувале законот. Засега нема одговор зошто настанот не бил пријавен во СВР Велес, ниту кој ќе ја сноси одговорноста за прекршувањето. Јавноста поставува и друго важно прашање – дали министерот Тошковски ќе продолжи да ги штити, како што, според многумина, штити и други функционери поврзани со трагичниот случај во Кочани?
Овој инцидент не е само прекршок. Тој е симптом на подлабок проблем – ароганција, неказнивост и целосна неосетливост за јавното чувство и за болката на народот.
Од СДСМ и нивната младинска организација СДММ реагираат остро, порачувајќи дека ќе продолжат да бараат одговорност и почитување на законите. Според нив, младите во Македонија заслужуваат претставници кои носат вредности како правда, човечност и емпатија – а не оние кои преку ноќ, среде жалост, палат факли и слават.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…