СДСМ заврши над 90% од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја

t

Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско, истакна пратеникот на СДСМ, Миле Талевски денес во изјава за медиумите.

– Задоволството е поголемо заради огромното значење за граѓаните кој овој пат го има не само за Прилеп и прилепчани, туку и за граѓаните на Битола, Ресен и од целиот Пелагониски регион.

Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90% од работите овој проект.

-Завршени беа 2 тунели со вредност од околу 6 милиони евра кои беа најсложени за изградба.

-Асфалтирани беа над 95% од вкупната должнина на патот.

-Изградени беа сите клучни конструктивни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, 1 вијадукт, 1 галерија.

Проектот долг 10,2 километри, со вредност над 33 милиони евра, најтешкиот и најкомплексен дел од трасата во Фаришката клисура го заврши Владата на СДСМ.

Тоа граѓаните многу добро го знаат.

Што направи ВМРО-ДПМНЕ?

За цела 1 година да заврши мал дел, да санира само едно свлечиште, да постави бетон од 10 метри, да заврши дел од сигнализацијата и дел од оградите.

И она најважното за нив, да се китат со туѓи перја, да се сликаат пред камерите и да го претставуваат овој проект како свој.

Но сепак добра вест за граѓаните е дека кончено патот е завршен. Дека граѓаните од целиот пелагониски регион добиваат пат значаен за економијата, транспортот и безбедноста.

Со одговорност и посветеност кон реалните потреби на граѓаните СДСМ многу инвестираше, особено во патните проекти.

СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура. Експресниот пат Градско –Дреново е исто така проект на СДСМ, обновата на патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, почетокот на реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д и така натаму.

Им благодариме на сите вредни градежни работници, инженери, проектантни, на сите кои работеа и учествуваа во реализацијата на овој проект. – вели Талевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени…

Лицемерно е што СДСМ се вмешува во…

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лицата со правосилни пресуди со…

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на…

СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар:…

Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…