СДСМ: И во наше време Османи сакаше да избегне процедури, ама тогаш немаше пиштолџии на аеродром!

t

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски по денешната прес-конференција со неговиот косовски колега, Албин Курти. СДСМ го вперува прстот во премиерот дека „влезе во улога на полицаец и обезбедувач кој во иднина ќе ja спроведувал лично претседателката на Косово Вјоса Османи, да се избегнеле скандали“.

-Дали ова значи дека во иднина тој лично ќе ѝ гарантира дека не треба да ги помине и почитува пропишаните процедурите? Каква е оваа порака на непочитување кон професионалците од МВР и аеродромот кои доследно ги спроведувале процедурите, прашаа од СДСМ, нарекувајќи го Мицкоски „султан“.

СДСМ појаснува и дека во времето додека беа на власт, се случиле слични барања од страна на Вјоса Османи да ги прескокне безбедносните протоколи.

-Јавноста треба да знае дека при иста идентична ситуација во времето на СДСМ и барање на косовската Претседателка да помине надвор од пропишаните процедури, јасно и било кажано како треба тоа да го стори и токму на тој начин се спровела проверката.

Тогаш немало пиштолџии кои доаѓале на аеродромот да му се закануваат на обезбедувањето кое професионално ги спровело процедурите. Тогаш немало јавување по телефони и политичко влијание од страна ниеден политичар и затоа немало ниту скандал, додаваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…

ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

СДСМ бара Таравари да поднесе оставка

Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…

„Зголемените трошоци за живот се претворија во…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…