СДСМ и Мицкоски со ист став: Украденото мора да се врати кај народот

t

„Во време кога во буџетот недостасуваат 2 милијарди евра зад грбот на народот власта спроведува грабеж преку криминални тендери, се вели во соопштението од СДСМ.

„161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Милионски суми, огромен број тендери, само за едни исти омилени фирми. Украденото мора да се врати кај народот. А за тоа да се случи, мора да има одговорност за криминалните тендери“ велат од СДСМ.

Велат „Одговорноста треба да почне од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на главниот, во врвот на власта“.

„Наместо празни зборови кои служат само за промоција, Мицкоски нека ги повика обвинителите и судиите кои ги поставува и нека почнат од 161 тендер, па на 51 тендер, па на тендерот во Пошта. Не може таму, тие му се тендерските другари и шефот на кабинет, па незгодно нели?“ е ставот на опозициската партија.

Слична изјава вчера даде и премиерот Мицкоски.

Укратеното мора да се врати кај народот, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот,

– Денес ја одржуваме конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое не е формалност, туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно застанува цврсто, системски и бескомпромисно против криминалот и корупцијата.

Оваа Влада ја започна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментов повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, случаи кои со години биле затскриени, одложувани или игнорирани. Но ова не е крај, туку почеток. Очекуваме отворање на нови случаи, темелни истраги и резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во државата и институциите, нагласи Мицкоски.

Премиерот додаде дека нема да има селективна правда.

– Јасно и гласно сакам да порачам: Нема селективна правда. Нема заштитени. Нема недопирливи.

За таа борба да биде успешна, потребно е јакнење на судството и обвинителството, институционално, кадровски и функционално. Само силно, независно и професионално судство и обвинителство можат да ја изнесат оваа борба до крај и да обезбедат правдата да не биде спора, ниту селективна, туку ефикасна и правична.

Јас сум за засилени мерки во борбата против корупцијата. Но борбата не завршува со кривична постапка. Борбата мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот. Затоа што криминалот не смее да се исплати.

Украденото мора да се врати кај народот.

Токму затоа ги воспоставуваме овие механизми и токму затоа денес го конституираме овој Совет. Конфискацијата на незаконски стекнатиот имот и имотната корист не е едноставен чекор, таа е повеќедимензионален и комплексен процес, кој опфаќа повеќе фази, меѓусебно поврзани и условени, во кои се вклучени повеќе институции со јасно дефинирани надлежности и одговорности.

Следејќи ги фазите на постапката за поврат на имот, Стратегијата за периодот 2025 – 2028 година јасно ги дефинира трите приоритетни области на дејствување:

Прво, пронаоѓање, идентификување и следење на незаконски стекнатиот имот и имотната корист, не само во земјата, туку и надвор од неа, преку меѓународна соработка и современи финансиски истражни механизми.

Второ, привремено обезбедување и конфискација на имот и имотна корист, брзо, ефикасно и во согласност со законот, без простор за манипулации, одолговлекувања или злоупотреби.

И трето, ефикасно управување со одземениот и конфискуваниот имот, вклучително и неговата повторна употреба за социјални цели, затоа што одземениот криминален имот мора да добие нова, општествено корисна вредност и да се врати во служба на граѓаните.

Овој Совет, под водство на потпретседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, има клучна улога во координацијата, надзорот и стратешкото насочување на сите овие процеси. Очекувам од вас професионалност, храброст и интегритет, но пред сè резултати.

Денес поставуваме темели на систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединци.

Ова е борба за правна држава.

Ова е борба за доверба.

Ова е борба за достоинството на граѓаните.

И во таа борба, нема да отстапиме.

Ви посакувам успешна и одговорна работа. – порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ и Мицкоски со ист став: Украденото…

„Во време кога во буџетот недостасуваат 2…

СДСМ бара одговорност: Како пет тони дрога…

Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше…

Филипче: Оваа Влада нема да издржи до…

Економска криза, избори, па „мигранти за пари“…

СДСМ: Платите на работниците треба да се…

На работниците не им требаат изговори ниту…

Платата ќе беше 700 евра да не…

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираат на предлогот на…